Лестер го прекина „медениот месец“ на Лидс

Само 121 секунда беа доволни да се види дека ова не е вечер на Лидс и тимот на Езџан Алиоски претрпе пораз на домашен терен против Лестер, кој по овој триумф од 4-1, се искачи на второто место на премиерлигашката табела со бод помалку од лидерот Ливерпул.

Лидс катастрофално го отвори мечот, одбраната направи голема грешка на почетокот на третата минута и Барнс даде гол за 1-0, а Тилеманс зголеми на 2-0 во 21-вата минута. Лидс дома цели 17 години немаше примено два гола во толку рана фаза од премиерлигашки натпревар.

Алиоски влезе во игра во 81-вата минута, а тренерот Марсело Бјелса веројатно жестоко ги искара своите играчи за лошото издание во првото полувреме. Лидс добро одговори и намали на 1-2, но Варди со 30-тиот гол од почетокот на минатата сезона наваму ги реши сите дилеми, пред Тилеманс од пенал во финишот да стави точка.

- Оглас -

Најнови вести