Лестер го претстави рекордното засилување (фото)

Јури Тилеманс и официјално е нов играч на Лестер. Англискиот првак од 2016 година го урна клупскиот рекорд за трансфер, на Монако му исплатија 40 милиони фунти, додека Белгиецот потпиша четиригодишен договор.

Тилеманс минатата сезона во јануари пристигна на „Кинг пауер“ како позајмен играч од Кнезовите, а откако ги импресионираше Лисиците, си обезбеди перманентна преселба на Островот.

„Верувам дека овој тим, на чело со Брендан Роџерс, поседува многу талент и квалитет и убеден сум дека ќе оствариме нови успеси во иднина. Мило ми е што добив шанса повторно да го облечам овој дрес, кој гордо ќе го носам во следните години“, истакна Тилеманс.

Тилеманс за една полусезона настапи на 13 меча во дресот на Лестер, во кои запиша три гола и четири асистенции.

- Оглас -

Најнови вести