Лестер го продолжи договорот со „златната копачка“ на Премиер лигата

Џејми Варди официјално ја продолжи соботката со Лестер до јуни 2023 година. Најдобриот стрелец на Премиер лигата од изминатата сезона ќе игра за Лисиците до 36-тата година и е на добар пат да запише деценија како член на шампионот од 2016 година.

Лестер практично го награди Варди со продолжување на договорот на една година плус откако сезоната ја заврши со 23 првенствени погодоци освојувајќи ја Златната копачка на Премиер лигата.

Искусниот англиски голгетер досега запиша 310 настапи во дресот на Лестер, во кои брои 130 гола.

- Оглас -

Најнови вести