Дојде тивко како замена за кусо, од денеска е рекордер на славниот клуб

Ханси Флик дојде на мала врата во Баерн Минхен, како привремено решение по заминувањето на Нико Ковач, а вечерва се запиша во историјата на најтрофејниот клуб во Германија.

Со триумфот против Фортуна Диселдорф, Флик најбрзо стаса до 22 победи во стартните 25 меча на клупата на шампионот, откако Баерн и се приклучи на Бундеслигата во 1965 година.

Во меѓувреме со квалитет и со успеси го принуди раководството на клубот да му понуди и долгорочен договор, а резултатите говорат се.

Флик и Баерн продолжија да газат и во пост-корона ерата и имаат четири победи на четири меча во кам-бекот на Бундеслигата. Вкупниот биланс на сегашниот тренер е 22 победи, едно реми и два порази на 25 меча како кромилар на 29-кратниот германски првак.

Со Флик на клупата Баерн е на прагот на јубилејната 30. шампионска круна во Германија, како рекордер со најмногу титули, а остана во игра и за пехарите во националниот куп и во Лигата на шампионите.

Во популарниот ДФБ покал, Баерн на 10. јуни во нокаут меч на свој терен го чека Ајнтрахт за пласман во финалето, а во Лигата на шампионите му останува само рутина во осмонафиналниот реванш со Челзи, откако победи во Лондон со 3:0.

- Оглас -

Најнови вести