Летонците го промовираа селекторот Стојановиќ, ќе дебитира против Македонија

Славиша Стојановиќ е новиот селектор на Летонија, селекцијата која е нашиот прв противник во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година.

Тоа што беше познато, а Летонците се обидуваа долго да го сокријат, денеска беше и официјално потврдено со потпишувањето тригодишен договор.

Стојановиќ уште недојден предизвика сериозна кавга меѓу позицијата во ЛФФ предводена од претседателот Каспарс Горшкс и опозицијата, чиј лидер е легендата Марис Верпаковскис.

Верпаковскис бараше оставки од челниците на Федерацијата, кои го криеја името на новиот селектор, иако сè беше познато и Стојановиќ беше сигурен избор. Верпаковскис обвини за кршење на процедурата при изборот, но како и да е, Словенецот е нов селектор на Летонија и ќе дебитира против Македонија, во Скопје на 21-ви март.

Ова ќе му биде трето искуство како селектор на национална селекција, а претходно ги водеше Словенците и репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати.

- Оглас -

Најнови вести