Летонците од „Филип Втори“ ќе заминат со полна мрежа

Македонија – Летонија (20:45 часот)

Сите очекуваат Македонија со триумф да ги започне квалификациите за ЕП 2020, а „рисовите“ имаат убава шанса да го сторат тоа бидејќи против Летонија се големи фаворити. Мечот ќе биде посебен за капитенот Горан Пандев, кој на „Филип Втори“ по 100-пат ќе истрча во црвениот дрес, така што неговите колеги мора да му подарат прослава во јубилејот.

Дебаклот од 4-0 против Ерменија е единствен негативен резултат на Македонија во последните шест меча, останатите се победи во средбите од Лигата на нациите во кои постигнаа 14 гола, а примија само еден. Летонија, пак, не е во посакувана форма и нема остварено победа од јуни 2018 година. Во Лигата на нациите дојде до четири бода преку четири ремија, што значи дека мали се шансите да изненади против нашата досега најквалитетна селекција А која сме ја имале.

Предлог тип: 1-1 2+ (2.70)

 

Белгија – Русија (20:45 часот)

Највисоко рангираната репрезентација според ФИФА, селекцијата на Белгија од дома ги започнува овие квалификации за ЕП 2020. На националниот стадион во Брисел ја пречекува репрезентацијата на Русија, во обид да започне со успешен резултат и да го заборави дебаклот (5-2) од Швајцарија во последниот меч од Лигата на нациите. Пред поразот од Швајцарците, Белгија немаше загубено уште од елиминацијата во полуфиналето на СП, каде што во борбата за финалето загубија од „триколорите“ со минимални 1-0.

Во вкупно пет пресметки меѓу овие две селекции, поуспешни се Белгијците со три победи и две ремија, „Зборнајата“ сé уште чека позитивен исход против „црвените ѓаволи“, а се чини дека и по овој меч ќе чека на победа.

Предлог тип: 1 & 0-29мин. (2.45)

 

Хрватска – Азербејџан (20:45 часот)

Светскиот вицешампион ќе мора да го поправи впечатокот кој го остави во Лигата на нациите. Во тешка група против Англија и Шпанија, само еднаш се радуваше на победа, против „фуријата“ со 3-2 на „Максимир“ во Загреб. Евроквалификациите ги започнуваат од истото место, во метрополата гостува аутсајдерот Азербејџан.

Последното гостување во Загреб не го паметат по добро, Азербејџан во 2014 година загуби со огромни 6-0 во меч од квалификациите за претходниот контитнентален собир. Потоа се сретнаа уште еднаш, а во Баку се одигра реми без голови.

Предлог тип: 1 & 2+ПП (2.50)

 

Холандија – Белорусија (20:45 часот)

Холанѓаните имаат убедлив биланс во однос на репрезентацијата на Белорусија. Од вкупно осум меѓусебни пресметки, „лалињата“ се радувале во шест, додека Белорусите само двапати ја имале таа чест да слават против гигантот кој полека се враќа на стариот пат. Избраниците на Роналд Куман немаат простор за изговори, мора да ја оправдаа фаворитската улога вечерва.

Ако се земат предвид пријателските натпвревари од крајот на март 2018 година, Холандија претрпе само два порази во вкупно 10 средби. Едниот е од Англија, во контролка со минимални 1-0, додека против „триколорите“ загубија во Лигата на нациите, а бројат и четири победи и четири ремија. Успешен поход во Лигата на нациите имаше и Белорусија, па и тиe, исто како Македонија, се најдоа во плејофот од Сегментот Д.

Предлог тип: 1 двојна (1.96)

 

Aвстрија – Полска (20:45 часот)

Соседите ќе ги вкрстат копјата само по четврти пат во историјата. Австрија и Полска ретко добивале шанса да ги одмерат силите во едно големо натпреварување или пак квалификации. Последна средба се памети од ЕП 2008 година, мечот од групата Б заврши со реми од 1-1, додека останатите два меча ги добија Полјаците со 3-2 и 3-1.

Единаесет години подоцна, сменета е цела генерација на двете селекции, така што Австрија и Полска се непознати противници пред вечерашната пресметка. Можеби токму овој дуел е шанса за Австрија првпат да се радува против соседот, а можат да го сторат тоа доколку ја искористат катастрофалната форма на Полска. Полјаците од победата над Јапонија со 1-0 на СП 2018, не знаат за друго славење, наредија три порази и три ремија.

Предлог тип: 1X & 1-3 (2.07)

 

- Оглас -

Најнови вести