Летонците немаат капитен и се плашат од „100-ката“ на Пандев

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20.45 часот на Националната арена „Филип Втори“ го игра својот прв меч од квалификациите за Европското првенство 2020, а во редовите на гостинот, селекцијата на Летонија, очекуваат жешка атмосфера.

Тоа што вечерва Горан Пандев ќе го игра својот 100-ти меч во дресот на националниот тим и неговиот гол против Јувентус ги плаши Летонците. Тие сметаат дека мотивацијата кај навивачите да дојдат на стадион е голема. Македонија е фаворит според ранг-листата на ФИФА, нашите се на 71-во, а Летонците на 131-во место.

„Очекуваме добра атмосфера бидејќи ова е прв натпревар во циклусот. Навивачите ќе дојдат да го бодрат нивниот тим. Дефинитивно ќе има жешка атмосфера. Мислам дека Северна Македонија е фаворит од сенка во оваа група, секој може да изненади секого“, велат Марцис Ошс и селекторот Стојановиќ.

Интересно е што Стојановиќ како нов селектор, уште нема одлучено кој фудбалер ќе биде капитен на летонската репрезентација и таа одлука ќе ја донесе во текот на денов.

- Оглас -

Најнови вести