Летово нема да има ЕП во фудбал!

Пандемијата која ја предизвика Коронавирусот направи нешто што досега се нема случено во историјата на Европските првенства. За првпат континенталниот собир на најдобрите репрезентации нема да се одигра во предвидениот термин. Европското првенство 2020 требаше да биде прослава од јубилејот 60 години од првиот турнир, но се случи токму спротивното.

Наместо од 12 јуни до 12 јули во 12 града од 12 различни земји, Европската фудбалска федерација на денешната седница во Нион одлучи дека ова лето нема да се игра Европското фудбалско првенство и е одложено за 2021 година. Најпрво објави норвешката фудбалска федерација на својот твитер-профил, а потоа пренесоа и сите светски медиуми.

- Оглас -

Најнови вести