Лев се попишмани, ќе го враќа Милер во репрезентацијата

Јоаким Лев, селекторот на Германија, по сите изгледи ќе го врати Томас Милер во репрезентацијата за претстојното Европско првенство.

Ѕвездата на Баерн Минхен заедно со клупскиот колега Жером Боатенг и Матс Хумелс беа отстранети од националниот состав на Панцерите по разочарувачкиот настап на Мундијалот во 2018 година. Милер тогаш го запиша 100-тиот настап за Германија и како што првично се гледаше му е последен, но сега Јоги се попишмани и наводно веќе го известил офанзивецот дека за него има место во репрезентацијата.

Како што известуваат германските медиуми, Лев наводно ќе го врати и Хумелс во составот откако искусниот стопер одигра добра сезона во дресот на Дортмунд.

Инаку Германија остана без вториот голман Марк Андре Тер Штеген, поради што чуварот на мрежата на Барселона мора да оди на операција на коленото.

- Оглас -

Најнови вести