Левандовски денеска за последен пат тренираше со Баерн?

Роберт Левандовски се појави на тренинг на Баерн Минхен, но повторно се однесувал индолентно и незаинтересирано, во мислите му е трансферот во Барселона. Барса испрати понуда до Баварците, и сега во Баерн размислуваат дали да ја прифатат.

Денешниот ден може да биде клучен за трансферот. Во Барса сакаат да го имаат Леви за турнејата во САД, а Каталонците утре патуваат. Баерн в понеделник ќе замине во САД, а Полјакот не сака да биде дел од нивната експедиција, иако има договор со Баерн до 2023 година.

Баварците утре пред своите фанови ќе го претстават својот тим за наредната сезона, а Левандовски не сака да биде присутен на настанот.

- Оглас -

Најнови вести