Левандовски: Клоп ме покани во Ливерпул, и само се насмеав!

Роберт Левандовски откри дека додека играл за Баерн Минхен, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, му понудил да се пресели во англискиот гигант.

Левандовски четири години играше за Клоп во Борусија Дортмунд, но одбил да му се придружи во Ливерпул.

„Во 2017 година, Баерн беше домаќин на Ливерпул во претсезонскиот Ауди куп. Имав разговор со Клоп и тој ме праша дали сакам да одам во Ливерпул? Се погледнавме, и почнав да се смеам. Не знам дали беше целосно сериозен, но никогаш не сум помислил да заминам во Ливерпул“, вели Леви, кој лани го напушти Баерн и сега е во Барселона.

- Оглас -

Најнови вести