Левандовски: Ми беше чест да играм за Барселона

Роберт Левандовски се прости од „Камп ноу“ по синоќешната победа на Барселона од 3-1 против Бетис во натпревар од 37-мото коло во Ла Лига. Ова беше последниот меч на Полјакот во дресот на каталонскиот гигант, а тренерот Ханси Флик изјави дека Левандовски бил најдобриот напаѓач во светот во последните 20 години.

„Ова е многу емотивен и многу тежок ден за мене. Кога пристигнав во Барселона, знаев дека овој клуб е голем, но вашата љубов го направи неверојатен. Од првиот ден се чувствував како дома. Никогаш нема да го заборавам начинот на кој го скандиравте моето име. Им благодарам на моите соиграчи, на тренерите и на целиот персонал. Беше чест да играм за овој клуб.

Доживеавме многу прекрасни моменти во овие четири години и сум многу горд на сè што постигнавме заедно. Се збогувам со стадионот, но Барселона засекогаш ќе остане во моето срце. Ви благодарам многу, навивачи. Еднаш навивач на Барса, секогаш навивач на Барса“, изјави Левандовски пред навивачите по крајот на натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести