Левандовски си рече доста асистирав, ајде и јас да дадам гол

Баерн Минхен води со 3-0 на гостувањето кај Челзи и ако остане вака, најверојатно прашањето околу патникот во следната фаза ќе биде познато и пред реваншот, на кој лондонскиот тим ќе биде дополнително ослабен, без суспендираните Жоржињо и Маркос Алонсо.

Баерн е пресилен за Челзи во моментов, а Роберт Левандовски откако двапати асистираше до Серж Гнабри при првите два гола, сам го постигна третиот. Полскиот голгетер сезонава има дадено дури девет гола на гостувањата во ЛШ, што е изедначување на рекордот кој го држеше Кристијано Роналдо од 2013/14. Следниот гостински погодок на Левандовски сезонава ќе биде историски, досега никој не успеал како гостин дури десетпати да тресе мрежи во една сезона.

- Оглас -

Најнови вести