Левандовски со новата титула се доближи до рекордот на Рајан Гигс

Најдобриот стрелец во шпанската лига, искусниот Полјак Роберт Левандовски, се придружи на групата фудбалери коишто имаат освоено по 11 титули во Топ 5 првенствата во Европа.

Левандовски има осум титули со Баерн, две со Борусија Дортмунд и сега една со Барселона.

Лионел Меси и Томас Милер имаат шанса со титули сезонава да му побегнат на Левандовски и да имаат по 12. Гери Невил и Пако Генто исто така имаат по 12. По 11 имаат и Џиџи Буфон, Давид Алаба, Арјен Робен и Пол Сколс, а сезонава до 11-тата титула може да дојдат и Мануел Нојер и Кингсли Коман. Французинот Коман е убедливо најмлад од сите овие и во иднина би можело да стане и рекордер.

Рекордер е Рајан Гигс, кој во англиската Премиер лига освои 13 шампионски титули, сите со Манчестер јунајтед во периодот од 1993 до 2013 година.

- Оглас -

Најнови вести