Лидс ќе ја памти победата над Астон вила, тимот на Алиоски сега е пред Ливерпул, Манчестер, Челзи, Сити и Арсенал

Лидс е тимот кој го сопра победничкиот налет на Астон вила. Тимот кој со 7:2 го победи Ливерпул, синоќа на свој терен беше немоќен и загуби со 3:0 од екипата која летово влезе во Премиер лигата. Лидс со игрите во првите шест кола потсети на славните денови од пред 20-тина години, кога тимот беше меѓу најдобрите во лигата, па дури играше и во Лигата на шампиони.

Патрик Бамфорд постигна хет-трик на гостувањето во Бирмингем и го одведе Лидс до третото место на табелата. Со 10 бодови од шест меча, Лидс преноќи како третопласиран во Премиер лигата, што е нивни најдобар пласман во последните 18 години. Точно е дека има екипи кои имаат меч помалку, но факт е дека Лидс во моментов на табелата е пред комплетната Топ 6 група во Премиер лигата. Ливерпул, Манчестер јунајтед, Арсенал, Сити, Челзи и Тотенхем допрва треба да ги одиграат мечевите од ова коло, но Лидс се присети на убавото време од пред 20 години.

Последен пат Лидс како третопласиран на табелата преноќил на 20 септември 2002 година, времето кога беше една од најдобрите генерации во историјата на клубот. Лидс дефинитивно е одлично освежување на најатрактивната лига во светот.

 

- Оглас -

Најнови вести