Лидс му понуди на Тоти да се врати од пензија и да заигра за англискиот тим

Лидс не успеа да обезеди пласман во Премиер лигата, но затоа тимот во кој настапува и македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски е многу активна во летниот преоден рок. Минатата недела, од Лидс стигна интересна понуда. Му понудија на легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон да брани за нив.

Буфон го прекина договорот со Пари Сен Жермен и одлучи дека ќе бара нов предизвик. Засега популарниот Џиџи уште не одлучил каде ќе продолжи, а Лидс е една од опциите. Освен за Буфон, челниците на Лидс сега се подготвени на нова уште понтересна понуда. Нивната идеја е да го вратат Франческо Тоти од пензија.

Легендарниот капитен на Рома се повлече од активното играње, а потоа беше директот кај „римската волчица“. Сепак, поради несогласувања со челниците на клубот, Тоти реши да си замине и сега е без работа. Токму оваа ситуација искористи Лидс, па му понуди на Тоти повторно да се активира на теренот, иако веќе две сезони е надвор од профи фудбалот.

 

- Оглас -

Најнови вести