Лига Европа спои два македонско-ерменски дуели

Ждрепката одреди екипата на Академија Пандев за противник да го добие босанско-херцеговскиот претставник Зрињски во првото квалификациско коло од Лига Европа. На првиот меч, Пандевци ќе бидат домаќини.

Другите два претставника добија ривали од Ерменија. Алашкерт е ривалот на Македонија Ѓорче Петров, а „славниот“ Пјуник, кој е чест ривал на македонските клубови во овие летни квалификациски мечеви, ќе се сретне со Шкупи.

Првите мечеви се играат на 11 јули, а реваншите се седум дена подоцна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести