Лигата на шампионите е во тек, во домот на Кевин-Принс Боатенг (видео)

Ништо не го спречува Кевин-Принс Боатенг да одигра партија фудбал, без разлика во какви услови. Членот на Бешикташ со својата сопруга и со синот се замислија дека се на натпревар во Лигата на шампионите, ја згрмија познатата химна и се наредија како по обичај пред почеток на натпревар.

„Мечот“ се одржа во домашни услови, а Кевин и сопругата беа противници на младиот Мадокс, кој сам ги реши и постигна гол меѓу нозете на репрезентативецот на Гана, по што следуваше прослава како на вистински натпревар.

Во период кога пандемијата со Коронавирусот буквално го стопираше светот, Боатенг со семејството најде супер начин за дружба и времето во изолација да се помине во убаво расположение.

- Оглас -

Најнови вести