Лихтштајнер: Швајцарија има подобри играчи и подобар селектор од Србија!

Србија и Швајцарија утревечер играат меч од кој многу работи зависат во нивната група. Во осминафиналето има место само за еден од тие два тима, па затоа и има „боцкање“ и провоцирање пред дуелот.

Легендарниот десен бек на Швајцарија, Штефан Лихштајнер, смета дека неговите сонародници се подобри.

„Швајцарија има подобри играчи и подобар селектор од Србија. Момците се во позитивен дух, а и знаеме што да очекуваме од Србите. Многу работи зависат од главата и тука ја гледам нашата предност. Ризично е да се оди на реми, селекторот Јакин знае што треба да направи“, изјави Лихштајнер, кој беше меѓу казнетите за прославата на победата над Србија пред четири години на СП во Русија.

- Оглас -

Најнови вести