Лилард е незапирлив, вакво нешто НБА не видела од времето на Вилт Чемберлен

Демиен Лилард од Портланд трејлблејзерс уфрли 61 поен против Далас маверикс, што му е изедначување на личниот рекорд, и стана само вториот кошаркар во историјата на НБА, по славниот Вилт Чемберлен од пред 57 сезони, кој во една сезона трипати успеал да постигне 60 натпревари.

Лилард е во животна форма, на последните две средби даде вкупно 112 поени и стана првиот играч во историјата на Портланд со две средби по ред на кои некој постигнал над 50 поени.

Тој сега трипати во кариерата има дадено 60 или повеќе поени и се најде во Топ-5 во оваа статистичка категорија. Мајкл Џордан и Џејмс Харден имаат по четири такви меча, Коби Брајант шест, а недостижен на врвот е Чемберлен, кој дури 32 пати има давано 60 или повеќе поени.

- Оглас -

Најнови вести