Лилард: Пол Џорџ е од друга планета

Пол Џорџ е поинаква димензија од сите кошаркари во НБА во моментов и тој е прв кандидат за наградата МВП, вели Демијен Лилард, играчот на Портланд.

Тој е воодушевен од начинот на кој игра крилото на Оклахома, откако ноќеска одигра симултанка со неверојатни бројки. Џорџ забележа трипл-дабл комбиниран со 47 поени, 12 скокови и 10 асистенции, а имаше бравурозни потези.

„Моментно тој игра кошарка на неверојатно ниво. Ги следев неговите настапи на последните десеттина натпревари, а по тоа што го покажа против нас сигурен сум дека е прв кандидат за наградата МВП во НБА лигата. Не може никој да го сопре. Се што прави е со невидена леснотија. Пол се забавува на теренот, а истовремено е мошне корисен за тимот и ако Оклахома продолжи во исто темпо не гледам сериозен противкандидат за наградата најкорисен кошаркар сезонава во лигата“, вели Лилард.

Ноќеска Џорџ го забележа третиот трипл-дабл во кариерата, а најдобриот ефект досега при таквите подвизи му беа 23 постигнати поени. Против Портланд го дуплираше учинокот во историската ноќ.

Трипл-дабл забележа и неговиот соиграч Расел Вестбрук со 21 поен, 14 скокови и 11 асистенции, со што тие двајца се единствениот тандем играчи од ист тим што на ист меч имале трипл-дабл учинок со над 20 поени. Во историјата на НБА лигата имало само девет случаи, двајца соиграчи иста вечер да забележат трипл-дабл ефект.

https://twitter.com/Ballislife/status/1095168811442098176

- Оглас -

Најнови вести