Лилард здиве како никогаш досега: Кардинална грешка на судиите доведе до пораз на Портланд (видео)

Јута ја доби неисвесната битка против Портланд со минимални 117:114, меѓутоа триумфот не е сосема регуларен поради кардиналната грешка која ја направија судиите во последните секунди од средбата. Имено, на девет секунди пред крајот Лилард итргна во продор при -2 негатива на неговиот тим, положувањето ќе беше успешно ако еден од противничките играчи не ја удреше топката од табла во обид да направи рампа.

https://twitter.com/Hustle_NBA/status/1226023790439612416

Иако баскетот се одби од таблата и веќе се најде во пад, Гобер го спречи положувањето на Лилард, а за ова се суди „голтендинг“, односно поените треба да важат. Меѓутоа судиите не реагираа, па Порланд претрпе разочарувачки пораз и покрај тоа што Лилард блескаше со 42 поени.

„Полесна одлука не можеше да се донесе, а тројца судии седеа мирни како да не се случи ништо. Не сакам правдања, ниту извештаи како „требаше да досудиме“. Нивната одлука нас нè чинеше пораз, а се бориме за пласман во разигрувањата. Максимално се трудиме, се бориме, потребна ни е секоја победа, а потоа се случуваат вакви ср*ња и очекуваат од нас да се однесуваме како да не е голема работа“, истакна Лилард по мечот.

https://twitter.com/TheHoopCentral/status/1226024556009156608

- Оглас -

Најнови вести