Линекер е расположен за шега: Ова е најдобар меч на Манчестер јунајтед со Мурињо на „Олд Трафорд“

Гери Линекер повторно е во препознатлив стил, а неговата шега на сметка на Жозе Мурињо е вирален хит. Творецот на легендарната максима дека фудбалот е проста работа во која 22-ца играчи трчаат по топката и секогаш победува Германија, сега се пошегува со Специјалнио“.

„Манчестер јунајтед го одигра најдобриот меч кога Жозе Мурињо бил присутен на Олд Трафорд“, напиша Линекер на „Твитер“.

Црвените ѓаволи го декласираа Челзи во вчерашното мегадерби во првото коло од Премиер лигата и го испрати гостинот од Лондон со 4 гола во мрежата.

Жозе Мурињо беше на „Олд Трафорд“ во улога на стручен аналитичар на „Скај спортс“, па шегата е уникатна.

Португалецот беше менаџер на Манчестер јунајтед од 2016 година до лани и тој период е еден од најлошите во последните 30-тина години на Црвените ѓаволи, кои се најтрофеен клуб во Англија.

Со него како кормилар, „Црвените ѓаволи“ освоија само две титули за две сезони, една во Лигата на Европа и една во Лига купот на Англија, а стилот на игра, премногу дефанзивен за клуб со реноме на Манчестер јунајтед, беше критикуван и од фудбалските експерти, но и од грото навивачи на англискиот гигант.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести