Линекер: Сега е јасно зошто Меси сакаше да ја напушти Барселона

Некогашниот англиски напаѓач Гери Линекер, кој во дел од својата кариера играше за Барселона, а сега работи како аналитичар, даде шеговито мислење зошто Лионел Меси сакаше да си замине од Барселона.

Каталонците вчера ја претставија својата трета гарнитура на дресови, кои се розеви, и воопшто не му се допаднаа на Линекер, па тој на профилот на Барса на Инстаграм им напиша брутална порака.

„Сега знаеме зошто Меси сакаше да си оди“ – напиша Линекер.

Секако причината за желбата да си оди не беа розевите дресови во кои тој не би сакал да се појави, туку некои други, но сезонава Аргентинецот останува во Барселона, почна да тренира, и сега веќе станува реална опцијата тој можеби и до крајот на кариерата да игра за Барселона, особено ако се смени претседателот на клубот на изборите во март.

- Оглас -

Најнови вести