Лион е се поблиску до Европа, го доби дербито со Монако (Видео)

Екипата на Лион е многу блиску до излез во фудбалска Европа, откако вечерва го совлада Монако со 3-1. Гостите многу рано, уште во 2-рата минута дојдоа во водство од 0-1 преку Бен Једер. До крајот на првиот дел, Лион израмни преку Лаказет во 38-мата минута.

Водството за домашните го донесе Какре во 57-мата минута.

Конечните 3-1 за Лион ги постави Рајан Шерки 78-мата минута.

Монако и официјално ги загуби шансите за пласман во Лигата на шампионите, бидејќи сега има заостанување од осум бодови од третиот Марсеј, но само два натпревари за играње до крајот на сезоната. Лион се искачи на делба на шесттата победа со по 59 бодови со екипата на Рен и еден помалку од петтопласираниот Лил.

- Оглас -

Најнови вести