Лион ќе слави во дербито Роналпин против Сент Етјен

Лион и Сент Етјен со популарното дерби Роналпин, или како што во Франција едноставно го нарекуваат Ле Дерби, најавуваат интересен прв ден од викенд-рундата во европските шампионати.

Денешната понуда е многу поголема од таа од преходните денови, а за вас одбравме пет натпревари со анализи и предлог-типови.

Баер Леверкузен – Штутгарт (20.30 часот)

Гостите имаат премногу повредени играчи, речиси цел тим е надвор од редовите и тоа тешко ќе го надоместат. Интересно е што двата тима на последните три меѓусебни пресметки не можат да победат на домашен терен. Во финишот на ланската сезона, Штутгарт славеше на „Бај арена“ и тоа беше еден од клучните мечеви што го спречија Баер да игра во Лигата на шампионите.

Сега е време за реванш, а Хајко Херлих мора итно да го најде победничкиот рецепт бидејќи Баер има одличен тим и само 12 освоени бодови. Фоланд, Брант, Хаверц… ќе имаат сложена задача да ја надиграат одбраната на Штутгарт, која според имињата, е одлична, но прими 24 голови, најмногу по таа на Фортуна Дизелдорф и еднакво со таа на Баер Леверкузен.

Нападот на Штутгарт е најслаб според постигнатите голови со тој на Шалке 04, само 8 пати ја тресеа противничката мрежа во 11 натпревари, а сега е шанса против лошата одбрана на Баер да се постигне некој гол.

Предлог тип: 1&3+ (2.20) Квота на денот

 

Бриж – Цулте-Варегем (20.30 часот)

Денеска на мегдан ќе излезат вториот најдобар напад во Јупилер лигата и најлошата одбрана. Офанзивците на Бриж на 10 меча по ред постигнуваат барем еден гол, што е одлична серија.

Одбраната на Цулте-Варегем прими најмногу голови во Белгија, неверојатни 35 во 15 кола, што е просек од над два погодока во нивната мрежа. И со победата од 2-0 против Локерен, пред паузата за настапи на репрезентациите во Лигата на нациите, беше прекината серијата од 12 меча најмалку со еден примен гол.

Френки Дјури нема рецепт како да го врати Цулте-Варегем во горниот дел на табелата, ниту како да ја консолидира исклучително слабата одбрана. Денеска тоа тешко ќе им појде од рака против нападот на Бриж, екипа која постигна 37 голови на 15 натпревари. Бриж го очекува тешко гостување во среда, во Дортмунд, во Лигата на шампионите, но мора да мисли и на домашното првенство во битката за врвот со Генк, Андерлехт и Антверпен.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.85) Квота на денот

 

Ипсвич – ВБА (20.45 часот)

Пол Ламберт има многу проблеми со Ипсвич, екипа на која ѝ се заканува испаѓање од Шампионат лигата, во која со 17 учества по ред се рекордери во Англија.

Сезонава „сините“ имаат само една победа на 17 натпревари и се убедливо последни во конкуренција уште на 23 екипи во втората по ранг лига во Англија. Имаат скромен квалитет и тешко дека ќе се спасат од испаѓање ако во зимскиот рок не се засилат посериозно. Сирс, Едвардс и данскиот репрезентативец Кнудсен се главната сила на Ипсвич, но тоа е премалку за да се биде конкурентен во Шампионат.

Вест Бромич има многу посериозен состав и високи амбиции да се врати во Премиер лигата. Тешко играат на гостувањата кај Ипсвич, имаат три порази по ред, но денеска се асполутни фаворити за победа.

Предлог тип: 2&3+ (3.25)

 

Лион – Сент Етјен (21 часот)

На ред е популарното дерби Роналпина, а Лион е фаворит. Ривалитетот е голем меѓу двата регионални гиганти на францускиот фудбал. И секогаш е жешко на популарното Ле Дерби, како што го нарекуваат во Франција.

Лион има поквалитетна екипа, но и повеќе обврски со настапите во Лигата на шампионите. Ги чека дуел со Манчестер сити во вторник, а денеска и локалното дерби со Сент Етјен.

Популарните „лавови“ од „Жерлан“ немаат пораз на пет меча по ред, на кои имаше многу голови, а веројатно ќе ги има и вечерва. Едноставно, стилот на игра на Лион е офанзивен, атрактивен за гол повеќе, а во последно време и Сент Етјен игра слично, и дава и прима доста голови.

Предлог тип: 1&2-4 (2.65) Квота на денот

 

Леганес – Алавес (21 часот)

Алавес е хит во Ла Лига, освои одлични 23 бода во 12 кола, а едно време беше и лидер на табелата. Тренерот Абелардо вади максимум од составот што нема премногу познати играчи, но тимскиот дух е импресивен.

Аргентинецот Џонатан Каљери е прва ѕвезда во тимот и, заедно со Ибаи и Собрино, најдобар стрелец во тимот што е на делба на второто место само со еден бод помалку од лидерот Барселона и во друштво на Севилја и Атлетико Мадрид со по 23 бодови.

Леганес е сосема поинаква приказна и сезонава има само две победи во Ла Лига. Со 10 бодови тимот од Мадрид е на позиција која води во понизок ранг и иако е рано, време е да почне да победува ако сака да си го продолжи престојот во една од најсилните лиги на светот.

Предлог тип: 2-3 гола (1.98)

 

 

- Оглас -

Најнови вести