Лионел Меси повторно беше предводникот на Аргентина во тешкиот триумф над Зеленортски острови со 3:2. Капитенот на Гаучосите го даде првиот гол на мечот, за водство на актуелниот светски првак со 1:0, но тоа како да беше само најава за драмата која следуваше до 120 минута игра.
„Знаевме дека ќе биде многу тежок натпревар. Не е случајно тоа што оваа селекција не загуби ниту од Шпанија, ниту од Уругвај. Го направивме најтешкиот дел од работата, а тоа беше да дадеме гол. Потоа требаше да ја најдеме нашата игра и да биде мирно на теренот, но се случи спротивното“, беше првиот коментар на Меси веднаш по завршување на средбата.
Ова беше осми натпревар по ред на СП на кој Меси постигнува гол, што преставува апсолутен рекорд. И покрај тешката победа против Зеленортски острови, Меси е оптимист дека Аргентина има сили да оди многу далеку на овој турнир.
„Не успеавме добро да ги притиснеме, а тие максимално се бореа. Знаевме дека ќе биде тешко. Ова Светско првенство е многу посебно, затоа што репрезентациите се многу израмнети. Наша цел е секогаш да одиме напред без разлика дали играме добро или лошо. Сега е најважно добро да се одмориме и да ги извлечеме позитивните работи од овој меч, а да ги корегираме лошите работи“, додаде капитенот на аргентинската репрезентација.
Аргентина во осминафиналето ќе игра против Египет, а комплетниот распоред и мечевите за следната фаза на Мундијалот може да ги видте ТУКА.

