Лисабонските Орли летнаа во ЛШ, Викторија П’лзењ го слави Климент

Бенфика немаше проблем со Динамо Киев и со чиста победа од 3-0 го потврди пласманот во групната фаза од Лигата на шампионите. Лисабонските Орли беа подобри во сите 180 минути од двомечот и заслужено се најдоа во европската клупска елита.

Во ЛШ оди и чешкиот првак Викторија П’лзењ, која со 2-1 го победи Карабах. Викторија губеше со 0-1 по првото полувреме, но направи пресврт и по четири години, повторно ќе биде дел од групната фаза од ЛШ. Победничкиот гол за Чесите го постигна Јан Климент.

- Оглас -

Најнови вести