Ливерпул, Барса, Јуве, Вардар…

УЕФА ги советуваше националните фудбалски федерации да не ги прекинуваат првенствата, туку да го почекаат крајот на епидемијата и потоа да продолжат таму каде што застанаа, но прашање е дали ќе има време за такво нешто.

Неизвесноста со Коронавирусот е голема, не се гледа крајот, напротив, во многу земји допрва се очекува зголемување на бројот на заразени и јасно е дека фудбал нема да се игра ниту во април, а за мај ќе видиме.

Секоја асоцијација посебно ќе треба да реши што и како понатаму, дали ќе се прогласат за прваци актуелните лидери, дали ќе се поништат лигите и нема да се прогласи првак или нешто друго.

Ова е мапата на Европа на која се гледа кои тимови се први во моментов и би биле прваци ако некаде сезоната се прекине и титулата.

На листата на шампиони би биле: Ливерпул, Јувентус, Барселона, Баерн, ПСЖ, Ајакс, Трабзонспор, Бриж, Порто, Зенит, Селтик, итн. Кај нас шампионската титула ќе му припадне на Вардар, кој во моментов има 10 бода предност пред Силекс.

- Оглас -

Најнови вести