Ливерпул гази безмилосно, во контроверзно дерби падна шампионот Манчестер сити (Видео)

Ливерпул гази безмилосно, а „Енфилд Роуд“ останува енигма за шампионот Манчестер сити, кој и по 16 години не успеа да го победи големиот ривал на гостински терен.

Со головите на Фабињо, Салах и на Мане, Ливерпул победи со 3:1, остана непоразен во Премиерлигата и сега има 8 бода предност пред актуелниот шампион на Англија.

Бернардо Силва беше стрелец на почесниот гол за гостите, а токму Бразилецот беше еден од главните актер во спорниот момент во петтата минута. По неговата акција и игра со рака што не ја санкционираше судијата Мајкл Оливер, топката го удри в рака Трент Александер-Арнолд, но повторно арбитарот не реагираше и веднаш во продолжението Ливерпул побведе со прекрасниот гол на Фабињо.

Спорната ситуација се проверуваше и во ВАР собата, но промена на одлуката немаше. Ливерпул поведе со 2:0 со голот на Салах, а тука се мереа милиметрите, но немаше офсајд, па домаќините заминаа на пауза по 45 минути игра со предност од 2:0.

Мечот беше решен по голот на Садио Мане во второто полувреме, а Силва постигна само почпесен гол за Сити.

https://twitter.com/iiiispor/status/1193584747450109952?s=20

Ливерпул има 34 бода по 12 кола, а шампионот падна на четвртата позиција со 25 бодови.

- Оглас -

Најнови вести