Ливерпул го сака Вернер, ама и сака да се ценка

Јирген Клоп го сака во своите редови Тимо Вернер, но Ливерпул нема намера да ја плати отштетната клаузула за вториот стрелец во Бундеслигата што вреди 55 милиони евра.

Вернер одамна е на радарот на Клоп, кој сака да го донесе својот сонародник на „Енфилд роуд“, но ценкањето може да ги чини скапо.

Лајпциг не сака по секоја цена да го пушти Вернер во Ливерпул и не отстапува од условите што ги има наведено во договорот склучен со Вернер во 2016 година.

Тимо, кој е втор стрелец во Бундеслигата со 24 гола, три помалку од Роберт Левандовски, беше платен 10 милиони евра кога во јуни 2016 година пристигна во Лајпциг од Штутгарт. Во тој период тоа беше рекорден трансфер на популарните Бикови, а клаузулата што беше запишана при склучување на договорот изнесува 55 милиони евра.

Вернер има 24 години и веќе е стандарден член на германската репрезентација со 29 настапи за популарниот Елф, на кои постигна 11 голови.

- Оглас -

Најнови вести