Ливерпул и Арсенал направија нешто што само четирипати се случило во историјата

Ливерпул се пласираше во четврт-финалето на Лига купот на Англија откако во неверојатно драматичен меч на „Енфилд роуд“ успеа да го елиминира Арсенал, и тоа по подобро изведување на пенали. По регуларниот дел, дуелот заврши со неочекувани 5:5, а во пенал-рулетот Ливерпул ги погоди сите пет удари од белата точка, додека Арсенал згреши само еднаш и тоа беше доволно за Топчиите да бидат елиминирани.

Низ историјата на Лига купот на Англија, ова е само петти пат да се случи на еден меч двата тима да постигнат по 5 голови. Последен пат тоа се случило во 2014 година, и тоа кога играле нисколигашите Дагенхам Редбриџ – Брентфорд. Ливерпул само вторпат во последните 66 години на свој терен прими пет или повеќе голови. И претходниот пат во изминативе шест и пол децении тоа беше на меч против Арсенал. Во јануари 2007 година гостите од Лондон победија со 6:3.

 

- Оглас -

Најнови вести