Ливерпул и Арсенал покажуваат сериозен интерес за 17-годишниот офанзивен играч од средниот ред на Клуб Тихуана, Хилберто Мора, кој се смета за еден од најголемите таленти во мексиканскиот фудбал.
Според „ЕЛ Универсал“, Топчиите подготвуваат понуда за фудбалерот, кој неодамна потпиша нов договор, но во него има откупна клаузула во вредност од 20 милиони фунти. Мора веќе да има 12 настапи и за репрезентацијата на Мексико, а неговите одлични изданија на Светското првенство го привлекоа вниманието на повеќе водечки европски клубови.
И Ливерпул веќе презел конкретни чекори за евентуален трансфер. Црвените оствариле контакт за да ги испитаат условите за можен договор, додека „ТНТ Спортс Мексико“ тврди дека клубот од „Енфилд“ веќе започнал разговори со Тихуана за преддоговор.
Мора ќе наполни 18 години во октомври и дотогаш не може да потпише професионален договор со европски клуб. Сепак, заинтересираните страни можат да постигнат прелиминарен договор, кој би бил реализиран откако фудбалерот ќе стане полнолетен.

