Ливерпул не игра дома, затоа може да биде „двојка“

1108 Вулверхемптон – Ливерпул (21ч)

Чудно е, но Ливерпул има повеќе шанси да освои три бода во улога на гостин, отколку да го брани домашниот терен. По шест домашни порази во низа, Црвените дефинитивно кренаа раце од одбрана на титулата во Англија, по што битката за топ 4 им остана како утеха. За тимот на Клоп да ги задржи надежите за евентуален пласман во ЛШ, треба да одигра партија во свој стил против опасните Волци, кои во претходните три кола освоија само два бода.

Во лигашки рамки Ливерпул никогаш не загубил на гости кај Вулверхемптон, односно има четири победи во низа во кои три гола на средбата се просек. По неколку слаби партии, може да се очекува поинакво издание на актуелниот шампион и повторно да се очекува ефикасен меч на „Молињу“.

Предлог тип: X2 & 1+ прво (1.75) 

 

1351 Барселона – Уеска (21ч)

Новиот кикс на лидерот Атлетико беше шанса за Реал да ја направи шампионската трка уште понеизвесна, во која и Барселона фати приклучок и сега треба да го одржи чекорот. Каталонците се убедливи фаворити во оваа средба која мора да ја добијат, а воедно и да ја продолжат традицијата успешни резултати против Уеска.

Од Меси и дружината се очекува да остварат двојна победа откако славеа со минимални 1-0 на гости кај Уеска претходно сезонава. Треба да се знае дека Барселона е непоразена во 16 лигашки натпревари во низа, односно атакува на четврти триумф во серија.

Предлог тип: 1-1 & 2+ (1.87)

 

1656 Гент – Клуб Бриж (20:45ч)

Клуб Бриж сигурно чекори кон нова титула во Белгија, односно останува прашањето кога истата ќе биде потврдена со оглед на убедливата разлика во бодови во однос на второпласираниот Антверп.

Гент сезонава изненади со минималните 1-0 на гости кај Бриж, што значи дека вечерва гостите ќе одат на реванш. Бриж на последните три гостувања на „Геламко арената“ оствари две победи и реми, а воедно се најефикасна гостинска екипа со 10 победи во 14 гостувања, што значи дека големи се шансите Гент да означи крај на позитивната серија на домашен терен.

Предлог тип: X2 & 0-1 прво (1.88)

 

1544 Фамаликао – Брага (21:15ч)

Брага е блиску да оствари петта победа во низа со која повторно ќе дојде на +4 бода во однос на Бенфика во трката за третото место на табелата во португалскиот шампионат, кое води во квалификациите за ЛШ.

Во три лигашки дуели против Фамаликао, Брага може да се пофали дека е непоразени, но има само една победа која ја запиша во ноември минатата година. Двете ремија пред тоа не им гарантираат на гостите поволен резултат вечерва, но оваа сезона Брага ниту еднаш не ремизираше како гостин, што значи дека очекувањата се да има победник во овој дуел.

Брага во 11 гостувања реалзира 21 погодок во првенството, додека фенерџијата во просек прима речиси по два гола на натпревар.

Предлог тип: Т2 2-4 (1.83)

 

1818 Сент Паули – Падерборн (20:30ч)

Победа е императив за двете екипи кои целат што порано да го обезбедат второлигашкиот статус во Цвајта. Блиску се до тоа остварување, Сент Паули и Падерборн се на средина на табелата со 32, односно 31 бод по 24 кола, па затоа нема да се игра под голем притисок.

Овие две екипи имаа мини-серија од три меча кои завршија со ГГ3+, по што се издвојуваа чисти победи по една на двете страни. Со оглед на тоа дека и Сент Паули, а и Падерборн лесно даваат, но и лесно примаат голови, може да се очекуа ефикасна средба, а треба да се знае дека Падерборн не знае за триумф во претходните пет лигашки гостувања.

Предлог тип: 0-1I & 0-2II (1.82)

- Оглас -

Најнови вести