Љоренте и дирекот ја спасија победата на Атлетико (видео)

Атлетико Мадрид минимално триумфираше на гостувањето кај Елче со погодокот на Маркос Љоренте во 23-тата минута. Јорганџиите повторно направија +5 бода разлика во однос на Реал Мадрид и Барселона, кои пак ќе треба да одговорат на ист начин против Осасуна, односно Валенсија за да останат во битката за титулата во Шпанија.

Тимот на Симеоне и во 15-тата минута ја затресе мрежата на Газанига, меѓутоа поради минимален офсајд голот на Суарес не се призна. За нивна среќа, Љоренте само седум минути подоцна на регуларен начин го најде патот до мрежата.

Во судиското надополнување, Елче доби прилика да израмни од пенал, меѓутоа Фидел го погоди левиот директ по што резултатот остана 0-1 в корист на Јорганџиите.

https://twitter.com/whoismadvibe/status/1388503645331808260

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести