Лоша вест: ИХФ не ни даде вајлд-карта за настап на Светското првенство

Интернационалната ракометна федерација, ИХФ, реши двете вајлд-карти за настап на Мундијалот што ќе се одржи во јануари во Египет да им ги додели на Полска и Русија. Ова е лоша вест за македонскиот ракомет бидејќи нашата селекција беше прва според резултатите на последното ЕП, со јасна препорака од ЕХФ до ИХФ дека сме први во редот за добивање вајлд-карта.

Но, Светската федерација им даде предност на Полска, која на ЕП заврши на 21-вото место, и Русија, која беше 22-ра. Полјаците се домаќини на следното СП по тоа во Египет, а изборот Русија да добие специјална покана е изненадување бидејќи таму ракометот не е многу популарен во последните години. Изгледа Русите се добри лобисти, па џабе ни беа спортските критериуми.

На СП од 13 до 31 јануари 2021, Европа ќе ја претставуваат: Австрија, Белорусија, Хрватска, Чешка, Франција, Германија, Унгарија, Исланд, Норвешка, Португалија, Шпанија, Словенија, Чешка, Полска и Русија.

- Оглас -

Најнови вести