Лоша вест за Рома: Џеко паузира 20-тина дена

Повредата која Един Џеко ја заработи на дуелот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите сепак не е наивна и толку несериозна. По направените дополнителни лекарски прегледи, било констатирано дека на Џеко му е потребно мирување во следните 20-тина дена.

Напаѓачот на „римската волчица“ сигурно нема да биде на теренот за дуелот против Калјари, а ќе ги пропушти и средбите против П’лзењ во Лигата на шампионите, како и средбите против Џенова и Јувентус во Серија А. Се очекува тој да се врати на теренот за дуелот против Сасуоло, кој е закажан за 26-ти декември.

Џеко сезонава одигра вупно 16 меча за Рома во Серија А и во Лигата на шампионите и има биланс од седум погодоци и четири асистенции, што покажува дека е една од најважните алки во тимот на калчолигашот кој се бори за висок пласман во Серија А.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести