Лоши вести од Чешка, Паненка е на интензивна нега и поставен на респиратор

Легендарниот чешки фудбалер Антонин Паненка е во одделението за интензивна нега во болница, каде што е поставен на респиратор и се бори за живот. Оваа лоша вест први ја објавија од неговиот некогашен клуб Бохемијанс. Паненка, кој има 71 година, има корона-вирус.

Паненка ја однесе Чехословачка на европскиот врв во 1976 година, откако во последната серија го реализира победничкиот пенал, со дотогаш невидено поткопување на топката, шут кој и ден денес се смета за атрактивно изведен пенал и таквиот шут од 11 метри се нарекува Паненка, токму по измислителот.

- Оглас -

Најнови вести