Лоши вести за Милан и младата репрезентација на Италија

Дефанзивецот на Милан, Давиде Калабрија, дефинитивно нема да игра за „росонерите” до крајот на сезонава, бидејќи има скршеница на фибулата на ногата. Повредата ја здоби за време на полуфиналниот меч од Купот на Италија помеѓу Милан и Лацио. Милан испадна од Купот, а остана и без младиот одбранбен играч.

Лекарите прогнозираат дека Калабрија ќе треба да отсуствува од фудбалските терени во следните два месеца, а наредниот месец ќе треба да оди на нова контрола и тест на потколеницата на левата нога. До крајот на сезоната во Серија А, Милан треба да игра уште пет средби.

Калабрија ќе го нема ниту во дресот на репрезентацијата на Италија за играчи до 21-годишна возраст. На 15 јуни, „аѕурите” го почнуваат настапот на Европско првенство.

- Оглас -

Најнови вести