Лошото момче му зеде само еден сет на Рафа Надал (Видео)

Рафаел Надал со 6-3, 3-6, 7-6, 7-6 го совлада Ник Кирјос во најинтересниот меч на досегашниот дел од Вимблдон. Ова беше меч проследен со многу интерес поради тоа што проблематичниот Австралиец е познат по своите изјави против најдобрите, а и Шпанецот не мисли само добри работи за ривалот. Следен противник на Надал е Жо-Вилфред Цонга.

Кирјос го загуби мечот, но освои сет и го мачеше Надал во третиот и четвртиот сет. Австралиецот привлече внимание и со сервисот дури од 230 километри на час, што е блиску до светскиот рекорд на Иво Карловиќ. Потоа во финишот на првиот сет Кирјос ги изненади сите со еден млак сервис под рака, но беше корисно и тоа беше ас, а Надал со насмевка го проследи губењето на поенот.

Кирјос се караше со главниот судија, му се обрати со зборовите: „Убаво ти е таму горе, нели? Така се чувствуваш важен“.

Ова е најчудниот поен на мечот и ас сервис кој ги изненади сите:

https://twitter.com/i/status/1146831561758846977

- Оглас -

Најнови вести