Ловрен + 60 милиони евра = Кулибали

Ливерпул се надоврза на претходните шпекулации и тргна по потписот на Калиду Кулибали, дефанзивецот на Наполи. Новиот англиски првак ќе му конкурира на стариот за услугите на сенегалскиот стопер, во Неапол наводно е испратена понуда од 60 милиони евра плус Дејан Ловрен во замена за Кулибали.

Италијанските медиуми пред неколку дена најавија дека Манчестер сити е подготвен да плати 80 милиони евра за искусниот одбранбен играч, што значи дека патот до Премиер лигата му е отворен и може да бира каде ќе игра следната сезона.

Кулибали е член на Наполи од 2014 година и досега настапи на вкупно 237 меча за освојувачот на Италијанскиот куп.

- Оглас -

Најнови вести