Љубителите на фудбалот и обложувањето нека се подготват: 183 меча за шест дена

Од 13 до 19 ноември низ светот ќе се играат дури 183 натпревари на репрезентации, борбата за бодови ќе биде беспоштедна, а тоа е одлична вест за сите љубители на спортот кој го нарекуваат најважна споредна работа на светот.

Паузата во топ-првенствата ќе ги насочи обложувачите, особено овие најредовните, кон мечевите на националните тимови. Можеби традиционално поретко има добивки кога се типуваат вакви дуели, но затоа и предизвикот е поголем и да се докаже дека може да се ќари нешто и на репрезентативен фудбал.

Репрезентацијата на Македонија има мечеви со Австрија и Израел, а тоа се два од 50-те меча кои ќе се играат претстојните денови во квалификациите за Европското првенство 2020 година.

Покрај 50-те меча во Европа, ќе се играат и 48 натпревари од квалификациите за Купот на африканските нации, 34 меча од Лигата на нации во КОНКАКАФ зоната, 32 меча од квалификациите за Светското првенство 2022 и уште 19 пријателски средби, кои исто така ќе бидат интересни за гледање бидејќи ќе има силни тимови кои ќе си ја проверат моментната форма.

- Оглас -

Најнови вести