Луд меч на Џа Морант – Постигна 52 поени, кош со цепелин што се гледа еднаш во 10 години и лепеше постери (Видео)

Џа Морант блескаше пред своите гледачи во „Федекс Форум арената“ во Мемфис и одигра незаборавна партија баскет, што ја зачини со личен рекорд од 52 поени во победата на Мечките против Сан Антонио спарс со 118:105.

Летечкиот бек на Мемфис приреди невидено шоу со погодени 22 удари од вкупно 30, со прекрасни акции и најубавиот и најатрактивниот кош сезонава.

Само на 4 стотинки до крајот на првото полувреме, Стивен Адамс фрли топка од кош до кош, а Морант од невозможна ситуација во скок постигна поени.

Морант на крајот беше испратен со стоечки овации од околу 17 илјади симпатизери на Мемфис. На последните четири натпревари учинокот му е брилијантен со просек од 40,5 поени по меч, а постигнуваше 44 поени против Портланд, 20 со Минесота, 46 против Чикаго и ноќеска рекордни 52 против Сан Антонио, или се заедно извонредни 162 поени.

Соиграчите го испратија со интересна фотографија на терен, славејќи го неговиот личен рекорд од 52 поени и извонредното шоу на паркетот.

Резултати: Мемфис – Сан Антонио 118:105, Кливленд – Минесота 122:127, Орландо – Индијана 119:103, Бруклин – Торонто 97:133, Мајами – Чикаго 112:99, Милвоки – Шарлот 130:106, Оклахома – Сакраменто 110:131. 

 

- Оглас -

Најнови вести