Луда идеја: Стадионот на тимот на Бекам во Мајами на кровот ќе има палми (Фото)

„Фридом Парк“ ќе биде идниот дом на новата МЛС франшиза Интер Мајами, а газда ќе биде Дејвид Бекам. Некогашниот англиски репрезентативец планира стадионот на кој ќе игра неговиот клуб да вреди 750 милиони фунти, а на кровот да има коктел бар и палми.

Се очекува стадионот да биде готов во 2022 година, што значи дека Интер Мајами во првите две сезони ќе игра на друг стадион. Првиот дом ќе биде стадионот „Форт Лудедејл“ кој е на еден час возење од центарот на Мајами. Вториот ќе биде овој кој треба да се изгради и тоа на местото на голф терените во близина на аеродромот во Мајами, а ќе има капацитет од 25.000 гледачи.

- Оглас -

Најнови вести