Луда работа: Го гаѓаше противникот со дел од болидот! (Видео)

Ѕвездата на италијанскиот Го карт серијата во картинг, Лука Корбери е суспендиран на 15 години поради испадот кој го имаше за време на една трка.

На трката која се одржа во октомври минатата година, Корбери направи голем инцидент. Во еден момент Корбери испадна од трката, а вината за тоа ја најде кај ривалот Паоло Иполита. Нервозниот Корбери зеде еден дел од болидот и го чекаше Иполита да помине покрај него, па реши да го гаѓа.

За среќа, ниту еден од возачите не беше повреден, но факт е дека Корбери ја загрози безбедноста на сите оние кои беа во трката.

https://twitter.com/i/status/1384605175441248256

Тука не беше крајот на дивеењето на Корбери, кој потоа отиде до боксот на противникот и тргна физички да се пресмета со Иполита. Многумина од возачите го осудија ваквото однесување на Италијанецот и побараа жестока казна за него.

ФИА покрена истрага и на крајот реши да му даде забрана за натпреварување во следните 15 години, што фактички значи дека е завршена кариерата на Корбери во овој спорт.

- Оглас -

Најнови вести