Фудбалерите на Милан со убедливи 4-0 ја прегазија Венеција, откако до 29-тата минута веќе ја наполнија мрежата на гостите, а во преостанатите 60 минути намалија ритам и рутински го завршија мечот. Сепак, неверојатна сцена се случи во 72-рата минута. Венеција преку Франческо Зампано постигна погодок, но се гледаше ВАР, па судиите одлучија да го поништат голот поради фаул во текот на акцијата, кога Николуси Кавиља стартуваше над Лофтус-Чик. Тоа беше старт со отворено стапало, па наместо гол за Венеција, следуваше црвен картон за гостите, со оглед на тоа Кавиља веќе имаше еден жолт картон.
i feel for Hans Nicolussi Cavigli as he passed the ball and he cannot stop the follow through #MilanVenezia pic.twitter.com/PHFtk2iVuT
— Scot Munroe (@scot_munroe) September 14, 2024
Исправна одлука на главниот судија, но и на ВАР асистентите, а комплетната ситуација може да ја погледнете ТУКА.