Луда завршница во белоруската лига, БАТЕ титулата ја загуби во 92-ра минута

Шахтер Солигорск е нов шампион на Белорусија, а Рударите титулата ја освоија на крајно драматичен начин. Шахтер не зависеше сам од себе, туку покрај победа, му требаше и кикс на БАТЕ Борисов.

БАТЕ денеска одигра само 0-0 на гостувањето кај Динамо Минск, а Шахтер победи против ФК Минск со 4-2, и тоа третиот и четвртиот гол ги постигнаа длабоко во судиското продолжение.

Белоруската лига беше единствена во Европа која не беше прекината, се дозволуваше и присуство на публика во пролетните и летните месеци кога никој друг не ни помислуваше на фудбал. За тимот од Солигорск ова е втора титула, по онаа во 2005 година.

- Оглас -

Најнови вести