Лудакот и на 42 години не се откажува, потпиша за 29-от клуб во кариерата

Себастијан Абреу е познат како еден од оние фудбалери кои едноставно не може долго да останат во еден клуб. Популарниот Лудак потпиша за екипата на Бостон ривер во Уругвај. Тоа за него ќе биде 29-ти клуб во кариерата.

Интересно е тоа што Абреу пред неколку месеци најави дека ја завршува играчката кариера. Како играч на Санта Текла ја освои титулата во Ел Салвадор и потоа се повлече да биде директор на клубот. Сепак, не можеше да остане долго, а да не е на теренот, па Абреу реши повторно да се активира и иако има 42 години, да потпише за Бостон ривер на една година, со можност за продолжување на соработката.

Во богатата кариера, Абреу во Европа има играно за Депортиво ла Коруња, потоа за Реал Сосиедад и грчкиот Арис, како и во Беjтар од Ерусалим. Има и 70 настапи за Уругвај, а постигнал 26 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести