Лудило на трибини, Хичкок завршница на теренот: Гол во 94 минута го реши градското дерби (Видео)

Раџа Казабланка се пласираше во четвртфиналето од Арапскиот куп Мухамед Шести, откако во неверојатен меч го елиминираше градскиот ривал Видад. Во реванш мечот на кој Видад беше домаќин, резултатот на крајот беше 4:4, па Казабланка се радуваше на поминување во следната фаза, бидејќи првиот меч заврши 1:1 и оди понатаму поради повеќе голови дадени на гости.

Мечот имаше неверојатен финиш. Видад водеше со 4:1, а во последните 20 минути Раџа направи чудо. Гостите намалија на 2:4 во 74 минута, а во 88 минута стигнаа и до 3:4, но им беше потребен уште еден гол за да одат понатаму. Вистински делириум кај фановите на Раџа се случи во 93 минута, кога гостите израмнија на 4:4.

Освен драмата на теренот, на трибините, двете навивачки групи создадоа фантастична атмосфера, на која може да подзавидат сите навивачки групи во светот.

- Оглас -

Најнови вести