Лудило во 149 секунди: Дур трепнеш, Светците се пласираа во полуфиналето (видео)

Топ-4 фазата во Лигата на шампионите ќе остане само сон за тимот на Џампјеро Гасперини по вечерашната елиминација од ПСЖ во мечот со драматичен финиш. Аталанта беше на пет минути до историски успех, меѓутоа Маркињос и Чупо-Мотинг го урнаа тој сон само во 149 секунди.

Толку време измина меѓу двата погодоци на ПСЖ во самиот крај од првата четвртфинална пресметка која се одигра во Лисабон. Подобриот од дуелот Лајпциг – Атлетико Мадрид ќе биде противникот на ПСЖ во битката за пласман во големото финале.

https://streamable.com/x0403f

https://streamable.com/oenikg

- Оглас -

Најнови вести